Skip to content

Политика на поврат на средствата

OSKA Shop, претставувано од Сара Симоска Архитектура ДООЕЛ обезбедува враќање на средствата во следните ситуации:

Заради тоа што се работи за уникатни, рачно изработени производи, кои што се продаваат и на други продажни места, доколку потрошувачот го купи производот, а истиот во меѓувреме е купен на друго место и не е повлечен од од оваа вебстрана, САРА СИМОСКА АРХИТЕКТУРА ДООЕЛ се обврзува да изврши нивна замена за производи со соодветен квалитет или на потрошувачот да му го врати платениот износ.

Во случај кога потрошувачот купил производ/и со недостаток, САРА СИМОСКА АРХИТЕКТУРА ДООЕЛ Скопје се обврзува да изврши нивна замена за производи со соодветен квалитет или на потрошувачот да му го врати платениот износ.

За сите останати производи купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на достава, под услов производот кој се враќа да е во иста форма и содржина во која е испорачан, неотпакуван, неупотребуван и неоштетен, со сите етикети и ознаки кои ги имал при доставата.

Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето, или како ваучер (кредит) за следни купувања доколку купувачот го побара тоа.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.

Правото за поврат на средствата или замена на производ/и може да се оствари со пишување на email на info@oskahop.mk