ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА oskashop.mk
Правилникот е последно ажуриран на 15.04.2021
Со самиот пристап на www.oskashop.mk и при нарачка на производите, се согласувате дека ги прифаќате условите наведени во овие Политики за користење на системот за електронска трговија. САРА СИМОСКА АРХИТЕКТУРА ДООЕЛ Скопје ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
Политика и услови во врска со цените на производите
Цените на сите производи на веб страницата www.oskashop.mk се изразени во денари. САРА СИМОСКА АРХИТЕКТУРА не е даночен обврзник. OSKA SHOP(претставувано од САРА СИМОСКА АРХИТЕКТУРА ДООЕЛ, во понатамошниот текст OSKA SHOP) го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
Доставување на нарачките
Оваа политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку партнер за достава на адресата која е наведена во порачката под следните услови:
Доставата на артиклите е бесплатна за износ над 6000 ден во границите на Градот Скопје.
Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект.
Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот, доколку износот е под 6000 ден.
Рок на испорака
Производите кои се рачно изработени се нарачуваат за изработка и можат да бидат испорачани до купувачот во рок од 14-30 дена по остварената нарачка. Во нормални услови, доколку нарачаните производи не се доставена во предвидениот рок, купувачот не е должен да ја плати нарачката, односно веќе платениот износ ќе му биде рефундиран во разумен рок, а производите ќе бидат повлечени (вратени) при самата достава или со закажување на термин за превземање (враќање) на производите. Правото за враќање/рефундирање не може да се оствари доколку производите се оштетени, односно не се во првобитната форма.
Правилото за ослободување од плаќање или рефундирање во случај на задоцнување со доставата не важи доколку условите за достава се ненормални. Под ненормални услови за достава се подразбира:
- Екстремно лоши временски услови
- Новогодишна вечер, Божик и Велигден
- Состојба на елементарна непогода
- Друга официјална криза на локално или државно ниво
За проценка на нормалноста на условите одлучува САРА СИМОСКА АРХИТЕКТУРА ДООЕЛ Скопје.
Враќање на производите
Во случај кога потрошувачот купил мебел и производи за дома со недостаток, САРА СИМОСКА АРХИТЕКТУРА ДООЕЛ Скопје се обврзува да изврши нивна замена за производи со соодветен квалитет или на потрошувачот да му го врати платениот износ, доколку недостатоците се утврдени во рокот од 15 дена, согласно закон.
За сите останати производи купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на достава, под услов производот кој се враќа да е во иста форма и содржина во која е испорачан, неотпакуван, неупотребуван и неоштетен, со сите етикети и ознаки кои ги имал при доставата.
Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето, или како ваучер (кредит) за следни купувања доколку купувачот го побара тоа.
Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.
Правото за поврат на производите може да се оствари со пополнување на Барање за поврат.
Заштита на личните податоци на корисниците на картички
OSKA SHOP ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, единствен матичен број, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. OSKA SHOP не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.
Заштита на доверливите податоци и информации
OSKA SHOP ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. OSKA SHOP користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на https://www.oskashop.mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. OSKA SHOP во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.
Општо
САРА СИМОСКА АРХИТЕКТУРА ДООЕЛ Скопје не одговара за евентуални мали измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалната веб страна. Фотографиите прикажани на веб страницата www.oskashop.mk се од информативен карактер.