Skip to content

Политика за заштита на лични податоци

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

Oska Shop (Сара Симоска Архитектура ДООЕЛ) ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Северна Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, единствен матичен број, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Oska Shop не сносува никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.

ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Oska Shop (Сара Симоска Архитектура ДООЕЛ) ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Oska Shop користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на https://www.oskashop.mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. Oska Shop во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.