Skip to content
Купи!

CLICK CLACK | Maja дрвено рачно изработена полица design by Sara Simoska

ден 26,320.00

CLICK CLACK скулптуралните полици можат да бидат репрезентативен елемент во вашиот дом, канцеларија или ресторан.

Едно парче е достапно на залиха веднаш,
По трошење на залихата производот ќе биде рачно изработен за период од 14 до 30 дена. 

Click Clack полиците се дрвени рачно изработени скулптурални полици каде што можете да ја поставите вашата колекција на омилени книги, спомени, плочи и друго. Овие полици се карактеризираат со два елементи: еден елемент е цик цак континуираната линија од дрво која што е главна и носечка, другиот елемент се полиците кои што се поставени попречно и се закосени од едниот кон другиот правец. Цик цак линијата е доминантна за изгледот на полицата, додека пак искривените полици се секундарни и му даваат посебен шмек на дизајнот. Овие скулптурални полици можат да бидат репрезентативен елемент во вашиот дом, канцеларија или ресторан. Постојат во три различни типови со две висини и ширини и три висини и три ширини.

  • Материјалите се од Скопје.
  • Рачната изработка е во Скопје.

Сара Симоска е архитект и дизајнер од Скопје. Своите магистарски студии ги има завршено на универзитетот Политекнико ди Милано. Сара има освоено бројни интернационални награди за архитектура и дизајн во Италија, Русија, Србија, Словенија и Шпанија. Првата дизајн колекција мебел Movable  ја објавува во 2020та година, за време на Ковид пандемијата. Во 2021 година, на оваа колекција и се придружија уште 4 други колекции: Mother, Circle, Improv и Click Clack. Сите дизајни на Сара Симоска се изработени од природен материјал дрво, сите се рачна изработка, со големо внимание на деталите.

 

Димензии 72 × 30 × 92 cm

Вие исто така би сакале…