Skip to content

Ентериерно уредување на двособен стан

ден 60,000.00

На залиха

Внатрешно уредување од OSKA HOME е наменето за сите оние кои што сакаат во својот дом да внесат чистина, бистар дизајн, природни материјали и позитивна енергија. Ова уредување има холистички пристап, при кој се анализира личноста или фамилијата и навиките на единката или семејството. Во овој пристап на внатрешно уредување се става акцент на комодитетот на оние кои што живеат во просторот, не само денес, туку и во текот на повеќе години. Домот е простор каде што се одвива важен дел од нашиот живот и како таков треба да одговори на потребите на секој член, во текот на различни денови од денот, неделата, месецот, годината и повеќе години.

Програмата на ова ентериерно уредување е следна:

Пополнување на онлајн форма каде архитектот може да се запознае со корисниците на домот, нивните потреби и желби, буџетот (буџетот мора да биде егзактен и да не се менува повеќе од 10%)

Online Средба 1 | 50 мин: Онлајн запознавање со клиентите
– Претставување на начинот на живот, работа, домашни активности, позиција на секој член во семејството, хобиа, начин на одржување на домот, …
Низ низа на прашања, разговор и мал брз тест, архитектот се запознава со корисниците на просторот

Физичка Средба 2 | 50мин : Мерење на просторот од страна на архитект
– Мерење на просторот заради потребите на проектот (при изведба мерките треба да се измерат повторно од страна на изведувачот)
– Датумот за посета се одредува во согласно со календарот на архитектот/ката и достапноста на клиентите (доколку има промена на датумот клиентите треба да најават 3 дена порано)

Online Средба 3 | 50мин : Mood Board
– MOOD board – избор на можни сценарија за секоја соба од страна на архитектот/ката и предлози кон клиентите, давање на рок од 3-5 дена за клиентите да се одлучат за дефинитивните избори согласно MOOD Board от
– Потребно време за изработување 1 недела

Online Средба 4 | 50мин : Избор на мебел
– Избор на мебел достапен во локалните продавници, согласно MOOD Board от и согласно одредениот буџет на клиентите
– Потребно време за изработување 1 недела

Online Средба 5 | 50мин : до 10 рендери
– Презентација на изработени 10 рендери и тоа од секоја соба 2 рендера, кујна 2 рендера, бања 1-2 рендер, ходник 1-2 рендер, тераса 1 рендер
– Потребно време за изработување 1,5 недела

Online Средба 6 | 50мин : Буџет
– Детален буџет за сите ставки кои што треба да се превземат
– Потребно време за изработување 1 недела

Online Средба 7 | 50мин : Технички цртежи
– Презентација на Изработени технички цртежи за сите елементи кои што треба да се направат по порачка: кујна, шифоњери, мебел по порачка, шифоњери во бања/тоалет, шифоњери, полици во ходник,…
– Финално предавање на проектот и предлог на изведувачи кои што можат да Ви го изведат проектот
– Потребно време за изработување 1-2 недели

Целосно траење на проектот – 5-7 недели

*Во проектот не е вклучен надзор на изведбата на проектот
**Клинтите се согласуваат да се придржуваат на распоредот на средбите кој што е договорен на почетокот на проектот (во случај на неможност на присуство на средба треба да го известат архитектот 7 дена порано)
***Клиентите имаат право на поврат на средствата 15 дена по уплатата, согласно закон на потрошувачи, меѓутоа пред почетокот на проектот
****Клиентите се согласуваат рендерите од проектот да бидат споделени во реализирани проекти на OSKA HOME без да се назначува нивниот идентитет ниту локација на живеење.