Главната компонента на свеќите на Ignis.creative е восокот кој е направен од мешункасто растение соја, а со самото тоа претставува биоразградлив извор кој расте лесно и брзо во многу региони во светот. Како таков овој восок е гаранција за самите свеќи кои се со нула токсини, нула канцерогени или загадувачки супстанци што значи помал ризик од предизвикување на алергии.
Овие благородни својства кои ги имаат свеќите на Ignis.creative се се во спротивност со традиционалните парафински свеќи кои се направени од дериват на нафта.
Свеќите со својата форма изобилуваат со една нескромна автентичност и даваат чувство на софистицираност во вашиот дом или канцеларија. Покрај необичната форма истите се со мирис на lemongrass, кој дава исклучителна свежина во просторот, има смирувачко и релаксирачко дејство на нашите сетила.