Skip to content

ВЕРТРИ рачно изработена, сојина свеќа од Ignis.creative

ден 450.00

Доколку сте чувствителни на чад од свеќи со сојиниот восок ова нема да биде проблем. Воздухот ќе биде почист и побезбеден за сите, особено за малите деца и постарите лица. Дополнително со сојиниот восок нема да имате мрсни црни траги од чад на ѕидовите или таванот. Свеќата ќе гори полека и ефикасно.

Само 2 останати на залиха

Главната компонента на свеќите на Ignis.creative е восокот кој е направен од мешункасто растение соја, а со самото тоа претставува биоразградлив извор кој расте лесно и брзо во многу региони во светот. Како таков овој восок е гаранција за самите свеќи кои се со нула токсини, нула канцерогени или загадувачки супстанци што значи помал ризик од предизвикување на алергии.

Овие благородни својства кои ги имаат свеќите на Ignis.creative се се во спротивност со традиционалните парафински свеќи кои се направени од дериват на нафта.

Свеќите со својата форма изобилуваат со една нескромна автентичност и даваат чувство на софистицираност во вашиот дом или канцеларија. Покрај необичната форма истите се со мирис на lemongrass, кој дава исклучителна свежина во просторот, има смирувачко и релаксирачко дејство на нашите сетила.