Skip to content
Купи!

Movable | Milo дрвена рачно изработена полица SSA8 design by Sara Simoska

ден 9,150.00

Movable дрвената рачно изработена полица ќе внесе креативна енергија во вашиот простор.

Едно парче е достапно на залиха веднаш,
По трошење на залихата производот ќе биде рачно изработен за период од 14 до 30 дена. 

Movable полиците се уникатни скулптурални полици кои што внесуваат нова креативна енергија во просторот. Нивните форми се разнолики, а наменети за уникатни карактери. Примарно овие полици се замислени за поставување на книги. Инспирацијата за формата доаѓа од природното наклонување на последната книга кога неколку книги ќе се постават вертикално. Полиците можат да бидат персонализирани и во нив да се чуваат и други предмети како музички плочи, козметика, фотографски апарати, спомени и други. Овие полици на тркалца се лесни за движење низ целиот дом, близу до столицата до која читате, во спалната, во трпезаријата или на тераса.

  • Материјалите се од Скопје.
  • Рачната изработка е во Скопје.

Сара Симоска е архитект и дизајнер од Скопје. Своите магистарски студии ги има завршено на универзитетот Политекнико ди Милано. Сара има освоено бројни интернационални награди за архитектура и дизајн во Италија, Русија, Србија, Словенија и Шпанија. Првата дизајн колекција мебел Movable  ја објавува во 2020та година, за време на Ковид пандемијата. Во 2021 година, на оваа колекција и се придружија уште 4 други колекции: Mother, Circle, Improv и Click Clack. Сите дизајни на Сара Симоска се изработени од природен материјал дрво, сите се рачна изработка, со големо внимание на деталите.

Тежина 8 kg
Димензии 51 × 23 × 102 cm

Вие исто така би сакале…