Skip to content
Купи!

Movable | Waffle дрвена рачно изработена маса design by Sara Simoska

ден 28,290.00ден 59,200.00

Movable масата е наменета за личности кои сакаат да се издвојат од толпата со својата работа и не се плашат да постават високи цели.

Производот ќе биде рачно изработен за период од 14 до 30 дена. 

Movable масата за пишување и работа е инспирирана од полиците Movable. Оваа маса се потпира на две полици Movable и ги користи како ногарки. Овие полици можете да ги користите за чување на книги, тетратки, папки, хартија, пенкала и се што ви е неопходно за вашата работа. Работната површина е тенка и елегантна изработена од високо квалитетно ореово дрво, додека па Movable полиците се изработени од светло буково дрво. Ваквиот контраст јасно прави разлика помеѓу носечките елементи и покривниот елемент. Оваа луксузна работна маса е наменета за креативни идеи и проекти. Масата е наменета за личности кои сакаат да се издвојат од толпата со својата работа и не се плашат да постават високи цели.

  • Материјалите се од Скопје.
  • Рачната изработка е во Скопје.

Сара Симоска е архитект и дизајнер од Скопје. Своите магистарски студии ги има завршено на универзитетот Политекнико ди Милано. Сара има освоено бројни интернационални награди за архитектура и дизајн во Италија, Русија, Србија, Словенија и Шпанија. Првата дизајн колекција мебел Movable  ја објавува во 2020та година, за време на Ковид пандемијата. Во 2021 година, на оваа колекција и се придружија уште 4 други колекции: Mother, Circle, Improv и Click Clack. Сите дизајни на Сара Симоска се изработени од природен материјал дрво, сите се рачна изработка, со големо внимание на деталите.

 

 

Погледни ја масата на Instagram

Тежина 8 кг
Димензии 180 × 80 × 76 cm
димензии

180x80x76, 160x80x76, 140x80x76, 120x60x76, 100x60x76, 100x60x76a

Вие исто така би сакале…