Anngo е креативно студио од Скопје кое дизајнира и рачно изработува ѕидни скулптури од дрвен материјал. Студиото е основано од архитект Ангела Стефановска, чија поврзаност меѓу архитектурата и уметноста ја интегрира и искажува токму преку геометриски скулптури и нивно имплементирање во секаков простор и концепт.
Она што ги прави дизајните впечатливи и единствени, е геометрискиот шаблон или ‘’pattern’’ кој е главен и препознатлив мотив во сите уметнички дела. Шаблонот, кој воедно претставува идентитет на самиот бренд, ги содржи основните форми во геометријата круг, триаголник и квадрат, како и нивни модификации. Скулптурите се изработуваат со подредување на сечени парчиња дрво во неколку слоеви, создавајќи на тој начин интересен тродимензионален и дводимензионален ефект. Ваквото слоевито моделирање и спојување на парчиња нуди безброј варијации на игра со форми, бои и димензии, правејќи ги скулптурите уникатни и достапни за секој дом.
Продуктите се поделени во неколку серии: Puzzle серија, Shape серија, As part of the furniture серијата, и најновата серија Anngo Accessories.