Pura Perla e македонски бренд кој произведува природна, рачно изработена козметика. Козметиката не содржи парабени, минерални масла и други токсични супстанци штетни за организмот. Производите се боени со природен минерал-мика. Нивниот асортиман содржи сапуни за лице и за тело, путери за туширање, масла за брада, маски за лице, серуми, пилинзи, балзами за усни и слично. Козметиката Pura Perla е еко-френдли и не се тестира на животни.
Антибактериски сапун со активен јаглен by Pura Perla
ден 330.00
Сапун кој помага во регулацијата на лачењето на себум, што го прави идеален за масна, акнеста и проблематична кожа. Веган сапун без ароми и бои. Неабразивен длабински чистач на пори. Покрај луксузниот бленд на растителни масла и путери, составот е збогатен уште и со активен јаглен и етерично масло од чајно дрво кои ќе ја исчистат длабински кожата без да предизвикаат иритации.