Садот е исклучително издржлив, долготраен и лесен. Изработен е рачно од мешавина на бетон и природни материјали. Садовите се дел од Јапанди колекцијата на рачно изработени бетонски градини и садови за растенија – Concrete Gardens and Pots на Indoor Garden кои се изработени во неколку големини и форми.
Јапанди колекцијата е совршен спој на едноставноста, минимализмот и природата, која создава мирна и топла средина. Значењето на оваа колекција поаѓа и е инспирирана од Јапанди стилот на уредување ентериер.
Димензии на садот
Висина: околу 12 cm
Дијаметар: околу 15 cm
Начин на одржување
Светлина: индиректна сончева светлина или вештачко осветлување
Полевање: 1-2 неделно (штом ќе се исуши површинскиот слој од супстратот)
*наша препорака: често температурата и влажноста во воздухот се различни во зависност од просторот, затоа повремено (идеално – секој втор ден) проверувајте ја влажноста со допир на површината на супсратот (земјата). Доколку е сува земјата – полејте.
Пресадување: напролет