Pura Perla e македонски бренд кој произведува природна, рачно изработена козметика. Козметиката не содржи парабени, минерални масла и други токсични супстанци штетни за организмот,боени со природен минерал-мика. Нивниот асортиман содржи сапуни за лице и за тело, путери за туширање, масла за брада, маски за лице, серуми, пилинзи, балзами за усни и слично. Козметиката Pura Perla е еко-френдли и не се тестира на животни.
Антибактериски сапун ЛАВАНДА by Pura Perla
ден 330.00
Веган е сапун без вештачки ароми и бои. Апсолутно неабразивен чистач идеален за екстремно чувствителна кожа. Смирувачката лаванда, маслото од невен и од авокадо го прават совршен за кожни состојби како атопичен дерматитис, егзема и псоријаза. Не содржи бадемово масло со што е целосно безбеден за новороденчиња и возрасни интолерантни на јатки.