OS: Кога прв пат почна да пишуваш и на што е производ твојата љубов кон писателството?
KN: Мислам дека пишувањето толку многу ме дефинира, што целосно ми припаѓа и ми било судено. Едноставно не би знаела која сум без тоа. Почнав да пишувам буквално од сосем мала, песнички, текстови, состави и сето тоа беше сосема природно и уште тогаш беше дел од мене.
OS: Дали некој од твоето семејство се занимавал или се занимава со пишување книги, па тоа природно се рефлектирало и на тебе?
KN: Не, но мајка ми е голем вљубеник во уметноста генерално.
OS: Од што ја црпиш инспирацијата кога твориш? Каков е процесот, од идеја до четиво?
KN: Инспирацијата треба да те најде, а мене ме наоѓа бидејќи живеам со отворено срце и отворен ум. Процесот е секако индивидуален, но за мене идејата е најсилната фаза. Идејата е всушност промената во мене, кога нешто се раѓа и знаеш дека е време да се насочиш кон нова цел.
OS: Дали ликовите во твоите книги се имагинарни или пак се инспирирани од реалните личности во твојот живот?
KN: Јас пишувам фикција така што ликовите се создадени и не постојат во мојот живот.
OS: Доколку можеш да издвоиш, која книга од твоите ти е најдрага и зошто?
KN: Невозможно е ова да се каже. Секоја на свој начин, секоја бележи време, секоја бележи процес и прогрес.
OS: Каде ги пишуваш твоите книги, имаш ли посебно катче каде се чувствуваш најкомфорно?
KN: Не, флексибилна сум. Моето катче е мојата глава, мојот мир го носам со себе.
OS: Сите книги се убави на свој начин, но можеш ли да ни кажеш дали според тебе постои формула за best seller?
KN: Постојат алатки, искуство, одредени насоки кои е добро да ги знаеш, постојат вештини, но не постои формула. Тоа е нешто кое се случува или не се случува.
OS: Имаш ли омилен автор/ка и омилен жанр на книги?
KN: Да, многу ја сакам Пола Хокинс, авторката на прекрасната ,,Девојката од возот” , но исто така сакам да читам драми и ги обожувам Дејан Дуковски и Горан Стефановски.
OS: Кога за тебе е совршен момент да се почне со пишување книги, дали постои возрасна рамка или некоја друга околност?
KN: Апсолутно не постојат правила. Индивидуално е и неблагодарно е да давам совети во тој правец.
OS: Колку книги брои твојата домашна бибилиотека и опиши ни како изгледа твојата библиотека од соништата?
KN: Мојата домашна библиотека е поделена, нешто имам во станот каде сега живеам, а нешто остана кај моите. Многу сакам стари библиотеки, високи, со ѕидови полни книги и прашина.
OS: Како се вклопи полицата Movable во твојата библиотека и какво е твоето досегашно искуство со истата?
KN: Се вклопи идеално. Таа е навистина прекрасен елемент кој е толку едноставен, е уникатен. Совршен детал за супер декорација на домот. Беспрекорна изработка. Навистина одлично.
Погледнете ја колекцијата на полици Movable…