Skip to content

5 аксесоари кои го прават домот на Chiara Ferragni ултра кул

Chiara е италијанска блогерка, бизнисменка, моден дизајнер, модел, сопруга и мајка на две деца. Оваа поранешна студентка по право, својата кариера ја започнува во октомври, 2009 та година преку основање на својот моден блог The Blonde Salad. Во септември 2017 та година според магазинот Forbes, Chiara Ferragni е прогласена за најважниот моден инфлуенсер во светот. Две години подоцна, нејзиниот блог достигнува повеќе од 1 милион посетители и 12 милиони прегледи месечно. Денес на нејзиниот персонален Instagram профил таа има 25.8 милиони следбеници. Импозантен е фактот дека нејзиниот блог и линијата на чевли стануваат студија на случај на бизнис школата Харвард.

Chiara Ferragni со своето семејство живее во срцето на Милано, во станбениот комплекс City life. Овој проект е дело на архитектонската компанија Zaha Hadid. Во оваа област се ужива пеш или на велосипед, а колскиот сообраќај циркулира само под земја.

Поголемиот дел од фотографиите кои Chiara ги има поставено на нејзиниот Instagram профил се од нејзиниот дом, а нас посебен впечаток ни оставија овие пет уникатни елементи: вградениот телевизор во плакарот, тепихот Keep off од Virgil Abloh, сликата на Мона Лиза со Лео, перниците на Takashi Murakami и црно белиот тапет на ѕидот.

ВГРАДЕНИОТ ТЕЛЕВИЗОР

За разлика од вообичаеното поставување на комоди за телевизор, ова решение предлага монолитна структура во која што телевизорот се втопува во самиот ѕид. 

Оваа резолуција ослободува дополнителен простор, создава чувство на комфорт и симулира енергија како да сте во кино сала.

ТЕПИХОТ KEEP OFF

Тепихот Keep off е еден од најпрепознатливите дизајни на скоро починатиот дизајнер Virgil Abloh. Овој тепих е инспириран од персиските шари, меѓутоа истиот е изведен во монохроматска боја. Карактеристично е тоа што врз оваа шара во центарот со болдирани големи бели букви е напишано ,,Кeep off”. Овој натпис на целиот дизајн му дава street варијанта и поп модерен израз. 

Интересно е што овој тепих е дизајниран како еден од осумте уникатни теписи кои биле презентирани на петтиот уметнички настан на IKEA.

СЛИКАТА НА МОНА ЛИЗА СО ЛЕО

Сликата на Мона Лиза е најлегендарната уметничка слика во светот, дело на познатиот Leonardo Da Vinci. Сликата претставува жена со специфичен рамнодушен израз на ликот. 

Благодарение на францускиот street артист Mr.Brainwash во домот на Ferragni истата е репродуцирана на начин што покрај портретот на Мона Лиза, во фокусот на вниманието, во прегратките на Мона Лиза се наоѓа Leo, синот на Chiara и нејзиниот сопруг Fedez. 

Ова парче уметност во нивниот дом го симболизира значењето на жената во домот, нејзиното поставување на пиедестал и комбинацијата на класичната уметност со денешната дигитална култура која е во корените на оваа фамилија.

 

ПЕРНИЦИТЕ НА TAKASHI MURAKAMI

Неизоставно, уникатно pop-art парче кое му дава шарена, инспиративна и позитивна смисла на овој дом се и плишаните пернички на Takashi Murakami, еден од највидливите и најпознати јапонски уметници. Во една статија на Њујорк Тајмс тој објаснува дека насмеаните цвеќиња предизвикуваат потиснати, контрадикторни емоции и колективна траума кај јапонските жители, предизвикани од бомбардирањата кај Нагасаки и Хирошима во 1945та година. 

ЦРНО БЕЛИОТ ТАПЕТ

Како ултра кул елемент во совршена синхронизација со сите останати е и црно белиот тапет.

Тој е позициониран во близина на трпезариската маса, а неговата монохроматика создава совршен контраст помеѓу шаренилата на колоритните облеки и боите на храната.

На тапетот е прикажан пустински пејзаж со различни видови растенија како кактуси, палми и други. Истиот често е користен како позадина за фотографирање на специјални моменти и годишнини. 

Може ќе ви се допадне...