Skip to content
Home » Четири начини да го искористите столчето Circle Dot во вашиот дом

Четири начини да го искористите столчето Circle Dot во вашиот дом

Иако недоволно употребувани во уредувањето, помошните столчиња може да бидат многу практичен и мултифункционален дел од вашиот дом. Токму такво е и Circle Dot столчето, кое покрај со многуте намени, плени и со топлиот изглед на полно дрво. Може да го користите буквално во секоја соба, не зафаќа многу место, а истовремено ќе го освежи вашиот простор со скулптуралниот изглед.

Наместо помошна масичка

Иако основната намена е да се користи како помошно столче, Circle Dot може да ви послужи и како дополнителна масичка во дневната соба. Ова е особено практично кога имате гости и ви е потребна поголема површина за оставање чаши или чинии.

Ноќна масичка во спалната

Столчето Circle Dot функционира супер и како ноќна масичка до креветот на која ќе може да си ја чувате омилената книга или часовник со аларм. Ова е многу практично решение ако имате мала спална соба и немате многу место за класична ноќна масичка.

Како дополнително место за складирање или седење

Живеењето во помал стан значи и помалку простор за кабасти троседи или двоседи, па неколку Circle Dot столчиња се супер решение за сите прилики во кои ви е потребно да сместите повеќе гости во вапиот дом, особено затоа што не зафаќаат многу место и нема визуелно да го загушат просторот. Circle Dot може да функционира и како помошно столче за вашата библиотека, но и на терасата во лето.

Како сталажа за растенија и декоративни предмети

Столчето Circle Dot не зафаќа многу простор, па така може да го поставите во некое ќоше низ вашиот дом и на него да си чувате растенија што благодарение
на висината ќе добијат повеќе светлина, или, пак, други декоративни предмети. На столчето може да ставите и мала столна лампа со која ќе осветлите некое потемно ќоше.