Дневната соба е простор каде што целото семејство се собира на куп при крајот на денот. Тука се разговара како поминал денот, кој има некоја забавна новост да сподели, помалите деца пишуваат домашна, миленичето ги поздравува сите,… Затоа е важно масата во дневната соба да претставува симбол на заедништво, место каде што ќе го оставиме лап топот, телефонот, кафето или чајот и целосно ќе се опуштиме.
Многу често се посветува многу внимание на софите и на другите аксесоари, а изборот на масата се остава за случаен. Нашиот тим на архитекти смета дека масата во дневната соба е и те како важен елемент кој што има и скулптурална вредност. За вас ги издвоивме уникатните аспекти зошто да имате кружна маса во дневната, а вие кажете ни дали сме во право.
Кружната маса е пристапна од сите страни
Кружната маса е на некој начин центар на дневната соба и претставува ОСКА околу која целото движење циркулира. Таа не наметнува одреден правец во кој треба да ја поставите. Околу кружната маса можете да седнете и на земја, да играте некои друштвени игри, да јадете пица и сите членови да се чувствуваат еднакви во кругот.
Имате слобода да го менувате мебелот во сите позиции
Кружната маса дава поголема слобода на просторот. Додека позицијата на троседот зависи од собата, двоседот и фотељите можете да ги поставувате во сите позиции околу масата, исто така можете да додадавате мали дополнителни столчиња кои што ќе бидат секогаш тука за неочекувани гости.
Можете да биде контраст на останатиот мебел
Доколку одберете софи во светли тонови, масата може да биде во контрастна црна боја и така да шармира во просторот. Црната кружна маса ќе претставува точка на доминација и на привлекување кон центарот на собата.
Можете да го истакнете вашиот уникатен стил
Доколку се одлучите за некоја кружна маса со интересна текстура и материјалност, тоа може да биде вашиот омилен елемент во срцето на дневната соба. Оваа маса ќе биде посебен дијамант во просторот кој што ќе зрачи со уникатност и ќе го претставува вашиот истенчен вкус и внимание на детали.
Можете да додавате додатни столчиња и елементи
Кружната маса е пријателски настроена кон другиот мебел. Многу често може да се појават некои додатни перничиња, мали столчиња, други помали масички околу главната кружна маса. Ваквата композиција додава на богатата компизиција во дневната соба.