Профилираните таваници будат измешани емоции кај сите луѓе. Голем дел од нас имаат одбивност од истите затоа што не потсетуваат на некоја ,,барок” опсесија која што не е баш пријатна. Сепак, истите во комбинација со современ и шик мебел можат да бидат многу интересни. Декорираните таваници му даваат вредност плус на просторот, секако доколку се избалансирани и комбинирани со правилни парчиња.
Доколку реновирате постар простор
Ретки се оние постари куќи, на пример во Дебар Маало, кои што имаат вакви декоративни таваници уште од порано. Во тој случај, никако не треба да ја отстранувате декорираната таваница, исто обидете се да ги зачувате вратите, па макар и прозорите. Овие елементи имаат уникатно естетско значење за вашиот простор и треба да се зачува. Со стилско комбинирање може да создаде одлична хармонија со современ мебел.
Доколку уредувате нов стан
Новите станови се исполнети со греди кои што многу често создаваат проблем во внатрешното уредување. Доколку се соочувате со ваква ситуација треба да размислите за варијантата: декорирани таваници. Добро е да се консултирате со архитект, затоа што преку проект можете да видите како овие декорирани таваници се уклопуваат со вашиот простор и мебелот кој сакате да го внесете.
Што внесуваат овие декорирани таваници во просторот?
Домот е место кое што е наша оаза и тука треба да го најдеме нашиот мир и топлина. Некои детали како декорираните таваници, доколку не се пренагласени, туку се еднобојни и се единствени можат да додадат вредност плус во просторот. Треба да се внимава со додавањето на вакви елементи во домот, затоа што границата помеѓу доволно и премногу некогаш може да биде невидлива. Сепак најдобро е да се советувате со стручно лице (архитект или дизајнер на ентериер) кое што ќе Ве посочи најправилно.