Skip to content

Зошто нашиот став е дека: детската треба да има неутрални бои?

Во изминатите децении популарни беа детски соби најчесто розови или сини, во зависност од полот, инспирирани од карактери од цртани со кревети во форма на автомобил и многу друго. Сепак детската соба не е игротека. Доколку детската на вашите најмали ја уредите со неутрални тонови ќе создадете простор кој е погоден за детската креативност и имагинација. Јаките бои и сликите од херои здосадуваат и создаваат лимитиран простор за имагинација и фантазија. Важен детал е користење на природни материјали во мебелот како : кревети од природно дрво, масички од природно дрво, постелнини од памук, завеси од памук… Ваквата природна атмосвера ќе создаде совршена клима за организмот на децата. Зошто ние мислиме вака, прочитајте подолу. 

Неутралните бои и тонови создаваат простор за имагинација

Ова правило не важи само за децата, туку и за сите останати. Сите дизајнери, уметници, архитекти, костимографи,… е препорачливо да работат во просторија без многу слики, бои и детали за да можат да се фокусираат на делото кое го создаваат. Децата имаат бујна фантазија и имагинација. За жал, на многу деца оваа имагинација им се ускратува или забранува. Делумично влијание во овој процес има и просторот во кој живеат. Доколку децата спијат, играат и учат во простор во кој има премногу бои, декорации и елементи, нивната имагинација нема простор за доосмислување на нови елементи и/или ќе биде лимитирана на тоа што го гледаат. 

Лепењето на постери и цртежи е добредојдено

Собата со неутрални тонови ќе биде само почеток на дизајнот на оваа соба. Потоа како додаден елемент е многу важно да се потенцира слободниот простор за креација. Самите играчки кои што се шарени, боиците за цртање, цртежите и детската облека ќе го обојат просторот и тој секогаш ќе биде во различни бои, текстури и динамика. Дозволете им на децата да го уредуваат просторот на свој начин со помош на нивната креативност. Сите нивни цртежи се изрази на ставови и мисли кои што денес ги изразуваат преку линии и бои, утре ќе ги изразуваат преку зборови и мисли. Процесот на целосно ослободување при елаборирање на идеите започнува од најмалите години и детската соба има големо влијание. 

Користете природни материјали

Природните материјали како масивно дрво, памук, волна, лен и друго, се многу важни за детската соба која што е првото опкружување на вашите деца. Сите оние шарени соби кои ги спомнавме на почетокот, се изработени од вештачки материјали како иверици и медијапан, кои што се полни со токсини, лепаци и бои кои што се нездрави за човековото тело. Како и во останатите простории така и во детската соба треба полека да се елеминираат овие материјали затоа што влијаат многу штетно на човековиот организам. 

Погледнете во нашата е-продавница...

Разговарајте со вашето дете за собата од соништата

И покрај нашите предлози и сите останати предлози кои ќе ги добиете од надворешниот свет, сепак најважно е да бидете во директна комуникација со вашето дете и да го/ја прашате што му/и се допаѓа навистина. Преку низа на игри, цртежи и дискусии можете заедно да сонувате за детската соба од соништата и така овој простор заедно да го кокреирате. Потоа во соработка со архитект сите овие информации можат да добијат физичка форма. Овој процес ќе биде важен за развојот на личноста и ќе врежат длабоки сеќавања. 

Погледнете во нашата е-продавница...