Skip to content

Домот од соништата – онлајн работилница

Наслов: Домот од соништата
Дата: 25ти Март
Формат: Онлајн
Траење: 3 часа
Краен рок за пријава: 24ти Март
Наменета за : Сите
Износ за пријава: Бесплатна
Организирано од: OSKA HOME
Архитект: Сара Симоска

Што ќе се работи на оваа работилница?

Домот е место каде поминуваме значаен дел од нашиот живот. Овој простор е нашата трета кожа. Првата е нашата кожа, втората е облеката која што ја носиме и третата е нашиот дом. Во овој простор се случуваат низа на активности кои што се примарни за нашето постоење како спиење, јадење, хигиена и нега на телото, одмор, работа, едукација, љубов, конфликти и многу друго. Земајќи го ова во предвид не смееме да дозволиме овој простор да биде потценет и да има помал третман. Тука започнуваат сите наши животни драми и заради тоа паметно уредување на истиот може да има значајно влијание на нашиот живот. 

За кого е наменета работилницата?

Работилницата е наменета за сите оние кои што сакаат да направат квалитетни промени во домот кои што ќе влијаат директно на квалитетот на нивниот живот и на оние со кои го делат просторот. Тука спаѓаат:
– Фамилии со деца
– Фамилии без деца
– Млади брачни парови
– Парови
– Луѓе кои што живеат сами од сите возрасти
– Луѓе кои што живеат со домашни миленици
– Самохрани родители
– Сите останати заинтересирани

Како ќе се одвива работилницата?

Работилницата ќе вклучи интерактивна работа помеѓу пријавените и архитектот. Најпрвин архитектката ќе направи кратка презентација, а потоа низ низа на вежби, прашања и разговори секој учесник/чка ќе може да разработи како го гледа својот дом од соништата и да разбере што се треба да смени (чекор по чекор) за да ја достигне таа визија. 
На кратко програмата би изгледала вака:
– Презентација на архитект – 30 мин
– Мала презентација за сите присутни – 15 мин 
– Вежба од 15 мин
– Споделување на вежбата, совети од архитектката – 30 мин
– Вежба од 15 мин
– Споделување на вежбата, совети од архитектката и дискусија на присутните – 30 мин
– Вежба од 15 мин
– Финални заклучоци – 30 мин

Доколку имате прашања поставете ги на нашиот Instagram профил во DM. 

Погледнете во нашата е-продавница...