Skip to content

Како да го прославите Earth Day во вашиот дом со стил?

1. Кога миете заби, гасете ја чешмата!

Додека миеме заби, раце, се тушираме или миеме садови, се трошат многу литри чиста питка вода залудно. Водата е ресурс кој не е бесконечен и треба да се внимава при неговото користење. Во изминатата година се појавија повеќе иницијативи за чување на водите. Ако не можете да направите нешто поголемо, започнете од секојдневните активности, со тоа секој од нас може значително да помогне. 

2. Купете едно парче мебел од масивно дрво!

За употребата на масивно дрво ќе разговараме подетално во други објави. Дрвото е природен материјал кој како и памукот во облеката, е пријатен за нашиот организам. Исто така, за време на изработката на мебел од масивно дрво, не се загадува заради тоа што процесот е без хемиски активности. Дрвјата кои се користат во индустријата за мебел се специфицирани и нивното одгледување е контролирано. 

3. Изберете козметика во еко пакување!

Од неодамна македонскиот бренд за органска козметика Pura Perla реши да ги рециклира сите пакувања. Што тоа значи? Пакувањето е во стаклена амбалажа и по користењето на производот, истото можете да го вратите назад и да го надополните. Со ова се намалува огромна количина на отпад, која како пластична не е реупотреблива затоа што има остатоци од креми и е тешка за измивање. 

4. Купувај мебел кој што ќе трае подолго!

Интернетот е преполнет со разни акции и намалувања на мебел по екстремно ниски цени, но дали се зборува за квалитетот и долготрајноста на тој мебел? Сите од нас поседуваат некој примерок стол, маса од нашите баби и дедовци, изработен од масивно дрво, кој постои повеќе од 100 години. Инвестирањето во мебел од висококвалитетни материјали е долгорочно. 

5. Создади катче за рециклирање во твојот дом!

Иако рециклирањето во Македонија е на многу пониско ниво, сепак промената започнува од тебе. Секогаш имаме изговори за да не рециклираме: далеку се кантите, немам каде да ги чувам сите тие типови на отпад, губење на време е,…
Направи забавна активност од рециклирањето, со тоа што ќе создадеш катче во твојот дом наменето токму за тоа. 

Можеби ќе ти се допадне...