Скопје е град без море или езеро, но затоа има по некој базен. Ние си дадовме за право да прошетаме малку со мислите и да погледнеме интересни и креативни базени низ светот. Карактеристично за овие базени е што ниту еден нема класична сина боја, некои од нив имаат и специфична форма. Како и да е, нас ни се допаѓаат и сакаме да бидеме во било кој од нив тука и сега. А вие?
Разновидни цртежи на ликови
Овој тренд на нацртани ликови во водата, станува се повеќе ин. Овие профили на лица кои што зборуваат едно наспрема друго, можат да се воочат во целост, само од птичја перспектива. Нас ни се допаѓа што подот околу целиот базен е изработен од дрво. Ова го надополнува шармот и удобноста на целиот амбиент. Знаете колку сме заљубени во дрвото и колку не сакаме користење на пластични материјали за подови, настрешници и лежалки. Овој базен со целото опкружување ги освојува нашите срца во целост.
Базените на Дејвид Хокни
Американскиот уметник Дејвид Хокни, има сликано многу базени во своето сликарско портфолио. Оваа фасцинација највероватно доаѓа од куќите во Лос Анџелес и генерално американската култура на базени. Неговите слики се многу интересни затоа што раскажуваат некакво драмско дејствие. Во една од сликите некој тукушто има скокнато во водата, во друга слика гледаме само душек во водата, во трета базенот е сосема празен.
Погледнете ги уметничките слики нашата е-продавница
Натпреварувачки дух
Базените за разлика од морето или езеротот, можат повеќе да создадат желба за натпревар и постигнување на некаква цел. Со оглед на тоа што во базенот има точна должина на стазата, ние можеме да мериме колку пати можеме да испливаме во една или во друга страна.