Никола го запознавме спонтано во Котур. Тој ни раскажа за неговото искуство во креирање на коктели и сирупи. Бевме фасцинирани од фактот дека тој се занимава со измислување на коктели, па така и некои од коктелите на менито на Котур, ги има смислено токму Никола. Традицијата на правење сирупи потекнува од неговата мајка и тој со голема љубов ја продолжува. Многу често измислува нови сирупи кои се комбинации на различни вкусови како мед, бадем, па дури и киви. Овие сирупи се користат во самите коктели.
За нас, тој подготви три коктели кои што можете да ги направите во удобноста на вашиот дом.
Исто така дознавме дека Никола започнува да учи внатрешен дизајн и има љубов кон уредување на домот, па така световите ни се поврзаа во повеќе димензии.
Tom Collins
Во висока чаша полна со мраз се
ставаат следните состојки
· 50 мл. London dry Gin
· 20 мл. Свежо исцеден лимон
· 15 мл. Шербет (1:1)
Состојките се промешуваат со лажица 5-10 сек. И се дотура газирана вода
Oh: Кога Никола ја започнува љубовта со коктелите?
Никола: Можеби звучи смешно, но на почетокот работата во бар ми беше единствено решение да си го платам образованието. Сепак иако прва работа веднаш бев изненаден од фактот дека со мешање на неколку состојки во една чаша, уживателите на коктели барем за момент забораваа на секојдневните проблеми и уживаа во моментот. Фактот дека сум направил некој среќен браем и за момент ме нетера да се посветам повеќе, а со тоа и се роди љубовта кон миксологијата.
Negroni
Во чаша за виски полна со мраз се ставаат следните состојки:
· 25 мл. London dry Gin (Bombay)
· 25 мл. Црвен вермут (Martini Rosso)
· 25 мл. Хербален црвен аперитив (Campari)
Состојките се промешуваат со лажица 15-20 сек. и се гарнира со кора или парче од портокал.
Oh: Каде Никола ужива најмногу да пие коктел во домот?
Никола: Кога се работи за пиење на коктели, најмногу ги уживам во двор или на тераса, во секој случај изолирани од секојдневниот притисок. За вистински обожаватели доколку не постои таква опција, доволна е е една фотеља, клуб масичка, амбиентално светло, природно зеленило т.е растенија и цвеќиња и релаксирана музика ( по избор) со цел да се опуштите после напорниот ден. Катчето за подготовка на коттели идеално би било да се наоѓа што поблиску до местото на уживање на истите, но најчесто тоа се наоѓа во склоп на кујната. Препорачувам топли бои кои ќе допринесат да се чувствувате сигурно и релаксирано, како и мебел изработен од природни материјали.
Oh: Кога треба да се пијат коктелите?
Никола: Коктелите според мене немаат ограничено време за тоа кога треба, а кога не треба да се пијат. Како што кажав пред малку коктелите се креирани за уживање и пожелно е да се конзумираат во време кога сметате дека сте ги завршиле сите обврски во денот.
Oh: Коктел за уживање во домот…
Никола: Коктел кој би го препорачал за уживање во домашна атмосфера е Gimlet. Коктел кој е едноставен за подготовка. Базиран на џин, шербет 1:1 сооднос и цеден зелен лимон. Коктел кој е прикладен за секој дел од денот, перфектна рамнотежа на благост и киселост и богат со
хербални уживања на џинот.
Oh: Коктел за пречек на гости…
Никола: Доколку сте во ситуација да сте домаќини на културна домашна забава, препорачувам едноставен коктел содржан од 2 состојки, квалитетно суво бело вино во комбинација со ликер од црна рибизла наречен Kir. Прекрасна комбинација, едноставен за подготовка при што вашите гости ќе останат воодушевени. Доколку сте љубители на пенливо вино може да се замени со белото вино. Препорачувам виното пред сервирање на биде да соодветна температура за максимално уживање.
Garibaldi
Во висока чаша полна со мраз, ставете ги следните состојки:
– 50 мл. Хербален црваен аперитив (Campari)
– 130 мл. Свежо исцеден портокал
Состојките се промешуваат и се гарнира со парче портокал