Skip to content

Посебно внимание посветуваме во споделување на идеи во кои ќе биде опфатен традиционалниот со современиот начин на координирање на овој стил – Елена Спирковска , Macrios

Елена од Macriosmk го посети нашето атеље и имавме супер креативна дружба. Бевме фасцинирани од рачно изработените производи кои нејзиниот татко ги изработува, а таа го промовира преку Instagram и создава визуелен идентитет на брендот. Ова моќно татко-ќерка дуо се карактеризира со извонреден квалитет, рачна изработка, природни материјали и многу неодолива креативност. 

Oh: Како започна Macrios? 

Eлена: Macrios започна сосема случајно. Од значајна вештина за која е заслужен мојот татко стигнавме до многу уникатни елементи кои го освежуваат секој дом. Идејата започна од тоа да создадеме декори за нашиот дом, декори кои претходно не сме ги сретнале во таков стил на уредување во Македонија. Процесот на создавање на Macrios е прилично долг, посветивме добар период на истражување на материјали кои го даваат тој уникатен и свеж изглед на плетките. Процесот на создавање на производите бара посебно внимание, трпеливост и енергија, се изработува рачно без користење на машини. Тоа е една од значајните причини за посебноста на нашиот мал бизнис. Најмногу внимание посветивме на материјалот со кој се плете да биде природен чист памук. Посебно горди сме на тоа што одвоивме време за нашата идеа во креирање да биде earth friendly.

Од каде наоѓате инспирација за формите? 

Елена: Во призводите на Macrios во целост е искористена нашата имагинација за да создадеме уникатно парче кое остава значаен впечаток во домот. Изгледот и начинот на плетење како и примена на производот во домот се создава со меѓусебна комуникација и инспирација. Сепак постојат креативни платформи кои ни  помогнаа да дознаеме за макраме стил на плетење, и да го примениме на наш креативен начин. 

Oh: Како функционирате татко и ќерка како здружени сили во овој мал креативен бизнис? 

Елена: Горда сум и среќна што имам татко со креативна вештина. Со нашата посебна комуникација успеавме да го создадеме Macrios и да го презентираме овој уникатен начин на рачна изработка. Посебно внимание посветуваме во споделување на идеи во кои ќе биде опфатен традиционалниот со современиот начин на координирање на овој стил. Сепак за да се оствари овој мал бизнис најзаслужен е мојот татко кој ги применува своите вештини на рачна изработка.

Oh: Дали традицијата влијае на овие креации? 
Елена: Стилот на макраме техниката во целост одговара со традицијата во Македонија. Ние со Macrios одлучивме овој начин на техника да го пренесеме на поинаков и посовремен начин. Секоја креација е добро смислена и уникатна да одговара на сечиј вкус и добро да може да се вклучи во секој стил на уредување. Сепак се стремиме кон тоа акцентот на традицијата да остане присутен во креацијата. 

Oh: Кои се вашите омилени производи? 
Елена: 
Во Macrios има уникатност и посветено време на создавање со многу внимание за секој производ да биде фаворит. Но кога треба ние да одбереме наши фаворити, тоа се декоративните елементи за маса Ameba и Sunflower. 

Oh: Со кои производи од oskahome сметате дека најдобро ќе одговараат? 

Елена: Производите на Macrios се создадени со цел да се вметнат во секој аспект на уредување. Без сомневање одговараат со секој производ од oskahome, како декоративни елементи за на маса, држачи и подметачи за цвеќиња. Посебен фаворит претставува декоративниот елемент Sunflower во координација со масата Circle Svetlo. Со минимална креативност и како извор на инспирација со oskahome и Macrios може да создадете уникатност во вашиот простор.

 

Погледнете во нашата е-продавница