Skip to content
Home » Како да се снајдете во Vintage магијата?

Како да се снајдете во Vintage магијата?

Vintage ентериерите се повеќе стануваат актуелни, и со право. Има некој шмеќерски шарм во тие комбинации на реставриран мебел од 70тите и сосема нови и современи полици или кујна. Иако изгледа наивно, многу е специфична комбинацијата на сите овие елементи се до совршено хармоничка композиција. Доколку ваквите ентериери Ве привлекуваат и сакате да го уредите вашиот дом во овој стил ќе треба да направите мало истражување. Нашиот OSKA тим издвои неколку совети како за почеток…

Започнете од домот на вашите баба и дедо

Сите ние пораснавме опкружени со ултра квалитетен мебел, своевремено дизајниран од југословенски архитекти и дизајнери и изработен во југословенски фабрики кој што и до ден денес е со одличен квалитет. Проверете што од овој мебел, аксесоари, масички, светла,… можете да земете, да реставрирате и да го внесете во вашиот ентериер. На пример, столицата Rex Kralj е многу актуелна периодов, а сигурно имате барем една таква во подрум. 

Benjamin Guedj

Размислете за дрвени облоги на ѕидовите

Во 70тите ентериерите биле исполнети со дрвени облоги на ѕидовите, плафоните, врати кои што се скриени во дрвените декорации и многу друго. Денес овој тренд повторно се актуелизира. Ваквите дрвени облоги се добри како за изглед, така и за звучна и топлинска изолација. Денес становите имаат многу слаба звучна изолација, па ова може да биде еден естетски трик за да си го подобрите живеењето и приватноста. 

Барајте ги ретро сијалиците

Дали знаете дека овие сијалици се хит на etsy и се продаваат по најмала цена од 200 евра? Ако некогаш Ве потсетуваа на старо, немодерно и досадно. Денес овие лампи во комбинација со посовремен мебел добиваат сосема нова смисла. Оваа жарка портокалова боја денес добива сосема ново значење. Внесува топлина, љубовна енергија и динамика во просторот. 

Погледнете во нашата е-продавница...

Внесете подвижни паравани

Подвижните транспарентни прегради и паравани се одлични за затскривање на некој дел од просторот кој што не Ви е најпретставителен, но и како скулптура која што ќе донесе уникатност во ентериерот. Доколку овие прегради се од дрво, тие ќе внесат топлина во вашата дневна соба. Тие исто така ќе служат за да го поделите просторот на помали содржини, а кога ќе саката да го поврзете. 

Погледнете во нашата е-продавница...