Во минатиот век, во секој дом во цела Југославија можеше да се најде по една Rex столица. Оваа столица со уникатен и незаборлавлив дизајн е во меморијата на постарите, но и на помладите генерации. Некои од нас се уште ја чуваат, други ја фрлиле во отпад, а трети ја имаат негде во гаража или подрум каде скапува. Дали знаете дека оваа столица е повторно ИН?
Столицата Rex е дизајнирана од словенскиот архитект Нико Краљ во 1950та година. Целта на дизајнот било да се создаде лесна, елегантна, лесно склоплива и поместлива столица која што ќе надополни ентериерот на секој дом. Изработена е од ламинирано заоблено дрво и постојат повеќе модели: обична столица, столица лулашка, лежалка, …
Денес оваа столица доживува ново раѓање во современиот ентериер. Rex-Kralj компанијата за мебел повторно работи на возобновување на овие култни модели, како и внесување на нови модели кои што ја пратат линијата на дизајн која Нико ја има поставено. Денес оваа столица се продава во целиот свет и е искомбинирана во современи ентериери од Данска до Америка.
Како можат да се користат овие столици денес?
Овие столици си го наоѓаат своето место во секоја соба од домот, но и од канцеларијата, ресторанот и многу друго. Тие можат да бидат поставени во дневната соба, во спалната соба за читање книга, во малата градина,… Доколку се во канцеларијата, можат да бидат совршени за примање на клиенти.