Многу често кога си го уредуваме домот, сме во недоумица за тоа какви бои треба да преовладуваат во нашата спална соба. Колку дизајн во спалната соба е доволно дизајн, а колку е премногу? Сепак сите треба да тргнат од самите себе. Уредувањето на домот е поврзано и со психоанализа на самите себе, нашите навики од минатото, но и нашите цели за иднината. Земете во предвид дека во овој простор ќе станувате секое сабајле и ќе си легнувате секоја вечер.
Многу од нас, живеат во станбени згради и спијат во мали спални соби, кои што се многу често и пренатрупани со предмети, декорации и непотребни елементи. Ова константно влијае на нашиот сон. Всушност, никогаш не сме целосно опуштени во нашето спиење туку секогаш имаме некоја просторна тензија која не опкружува. Доколку имате можност да направите промена во вашата спална соба, направете смел чекор и ослободете се од целата физичка, а всушност ментална тежина. Нашиот OSKA тим Ви предлага да користите две нијанси во вашата соба: бела и нијанси на дрво. Прочитајте зошто.
Белите тонови ни носат мирен сон
Без разлика дали се работи за чисто бела или кремаста нијанса, било што и да изберете за вашата постелнина, ѕидови, завеси и се останато, нема да погрешите. Овие тонови ќе го хармонизираат просторот и ќе создадат зен амбиент. На овој начин ќе можете полесно да се опуштите после напорниот и стресен ден. Спалната соба е храм во домот. Одморот е една од најважните работи за да имаме максимална продуктивност низ денот. Белите тонови ќе го гарантираат тоа.
Употреба на дрвени елементи и тонови
Доколку сепак не сакате целосно бела соба, можете да внесете елементи од природно дрво и дрвени тонови. Тоа можете да го направите во наткасните, елементот позади креветот, перничките или тепихот. Дрвото како материјал создава топлина во домот. Природното дрво има мирис кој што го прави просторот уште попријатен. Сето ова со задимена светлина и некоја свеќа, ќе претставува вистинско уживање.
Бели тонови во комбинација со винтиџ елементи
Белите тонови кои носат чистина и мир, можат интересно да се искомбинираат со винтиџ мебел. Може да се некои помошни столчиња или некои полици од старо дрво. Ваквите елементи ќе внесат јужно американски шмек во домот. Тоа ќе Ви направи да се чувствувате егзотично и уште порелаксирано во вашата спална соба.
Бели тонови во комбинација со сламени елементи
Моментално се тренд сламените сијалици, теписони, корпи и многу друго. Белата постелнина во комбинација со овие елементи ќе биде вистински погодок. Интересно за сламената сијалица е што кога свети испушта светлина преку мрежата и така создава дополнителен амбиент во собата. Сламениот теписон исто така може да направи интересен амбиент во спалната соба. Иако е малку храбар потег, сепак има и такви кои што сакаат да живеат уникатен живот.