Skip to content

Зошто софата Ligne Roset Togo е тренд број 1 во современиот дом?

Периодов Instagram и Pinterest се преплавени со софата од брендот Ligne Roset , моделот Togo. Сите инфлуенсери за дом и дизајн ја претставуваат софата во нивниот дом, стилизирана со современи модели на маси, полици и аксесоари. Заинтригирани од ваквиот тренд, решивме да Ве информираме малку повеќе за оваа софа. Прочитајте подолу. 

Што зборува брендот за овој модел?

Класичниот модел Ligne Roset Togo Lounge, дизајниран од Michel Ducaroy е симбол за комфор веќе 40 години. Безвремената колекција е карактеризирана од ергономски дизајн со конструкција од повеќеслојна пена и покривка. Секое парче е визуелно атрактивно и физички привлечно. За некоја софа да е добра, треба да Ве повикува да седнете или легнете на истата. Оваа софа е специјална за попладневни дремки или мрзливи квечерини, поминати во најголем комфор. 

Што мислиме ние за овој модел?

Оваа софа е од една страна комфорна, но и истовремено со уникатен изглед кој што Ве изненадува. Дизајнот е монолитен, на начин што делот за седење и потпирање не се поделени во два дела, туку се поврзани во една целина. Вака, софата потсетува на lazy bags кои што ве асоцираат на лежење, одморање и релаксација. Меѓутоа со самата висина на седењето која што е околу 40 cm, или повисока од lazy bags, сепак го резервира местото помеѓу софите. 

KBS Residence by Nickolas Gurtler | est living

Кратка историја...

Ултра удобна, безвременска, но пред се некласична софа! Того софата е родена од своевремено младиот француски дизјанер Мишел Дукарој, кој бил инспириран од туба за паста за заби превиткана во себе. Оваа софа доживеала мешан успех за време на нејзиното лансирање во Salon des Arts Menagers во Париз, во 1973 година. Но многу набрзо, нејзините набори, слични на кожата на бебе, му ја донесоа наградата Рене-Габриел, која од 1950 година наградува иновативен и демократски мебел. 

Погледнете во нашата е-продавница...

Photo – Caitlin Mills

Софата денес и во иднината

Во 2007 година, Ligne Roset ја лансираше „мини“ верзијата на својот познат тросед за деца со цел да ја овековечи дизајн традицијата и во иднина. Оваа софа никогаш не се сфаќала сериозно, а денес може да се најде на тренди места… но и на филмови. Конкретно, можевме да ја видиме Того во играниот филм на Николас Бедос „Monsieur et Madame Adelman“, објавен во 2017 година. Драматична комедија која раскажува љубовна приказна и чијa софа – за разлика од ликовите – ги преминува децениите без да се збрчка. 

Photo: Courtesy of ZWEI Design

Дизајн - икона

Од своето создавање, Того софата се протнува низ годините со смиреност, затоа што знае дека е иконска и секогаш лебди многу над трендовите. Од генерација на генерација, софата го ужива својот успех, ги буди сите желби на љубителите на остар дизајн и љубителите на винтиџ дизајн. Нејзината цена никогаш не опаднала. Повеќе од милион ипол примероци се продадени до сега, а сега е достапна во повеќе од 800 бои на ткаенини и кожа!

Погледнете во нашата е-продавница...

https://www.youtube.com/watch?v=x0Q4dV6QnwU&t=193s&ab_channel=LigneRoset