Транспарентните прегради во домот завземаат значајно место во современиот ентериер. Бенефитите од ваквите прегради за домашниот, но и деловниот простор се многубројни. Ваквите прегради можат да го освежат вашиот простор без да направите никаква друга промена. Интересно е што тие се подвижни, склопливи и расклопливи. Можете да ги поставите кога ви се потребни и да ги отстраните кога немате потреба од нив. Нашиот тим издвои неколку бенефити зошто овие прегради можат да дадат мултифункционална вредност на вашиот дом. Прочитајте во текстот.
Поделба на кујната со дневната соба
Во новите станови, многу честа е практиката за проектирање на кујна која што е во ист простор со дневната соба. Ова решение не секогаш е практично. Најпрвин кујната секогаш треба да биде средена и организирана. Понекогаш, и покрај тоа што е средена, сепак не сакате да гледате наспрема истата. Вакви транспарентни прегради се совршено решение за вас. Можете да ги поставите помеѓу овие две простории и на тој начин ќе добиете преграда која што нема да го намали просторот, заради нејзината транспарентност.
Дрвена скулптура во простор
Ваквите транспарентни прегради ќе бидат уникатен и скулптурален елемент кој што ќе биде аксесоар во вашиот простор. Уникатната геометрија ќе создаде нова игра. Ваквата транспарентност доловува различни сенки на светлина во различни делови од денот. На пример, преку ден, од сончевата светлина ќе се создадат различни текстури на сенка во домот, а навечер од светилките во домот, исто така ќе се отсликаат сенки на ѕидовите. Ваквата игра на сенки и светлина ќе го облагодари домот, и тој никогаш нема да биде ист.
Трансформација на просторот
Многу често функциите во нашиот дом се менуваат во текот на денот или во неделата. Некогаш сакаме да го поделиме просторот на начин што во еден дел ќе може да се работи, а во друг да се вежба јога. Доколку вашите најмали имаат заедничка соба, овој елемент е совршен за да се подели просторот во одредени прилики, и потоа да се спои. Исто така, ваквиот трансформативен елемент е практичен за вашата канцеларија каде што сакате да поделите некои работни места, и потоа да ги обедините. Комбинациите се безбројни, вашата имагинација и креативност се клучни.
Поделба на простор во помал стан
Доколку живеете во дом каде спалната и дневната се во иста соба, можете да поставите една транспарентна преграда помеѓу и на тој начин да ги поделите овие две тематски содржини во домот. Во овој случај, највероватно живеете сами или со својот/јата партнер/ка, па така приватноста е споделена, и немате потреба од радикална преграда помеѓу овие две простории. Ваквиот динамичен простор е многу интересен и ваквата скулптура ќе биде централна оска на случување во вашиот дом.
Погледнете ги транспарентните прегради во нашата е-продавница
Транспаретнтни прегради во форма на библиотека
Нечесто можеме да сретнеме примери, каде што овие транспарентни прегради добиваат уште една функција, а тоа е библиотека. Ваквата дополнителна функција може да додаде на вредност, доколку имате книги или репрезентативни украсни предмети кои сакате да ги изложите. Исто така, на ваквата преграда можете да додадете и растенија, па на тој начин да создадете вертикална градина.
Текстилни прегради
Некогаш овие транспарентни прегради можат да бидат и направени од текстил. Уште поинтересно ако материјалите се во различни бои. Ваквите текстилни прегради ќе создадат мистичност во просторот. Преку нив ќе можете да гледате силуети, и тоа ќе создаде нова игра на движења.