Skip to content
Home » Малку уникатност во секој ќош

Малку уникатност во секој ќош

Влеговме во втората година каде поминуваме дома, сега веќе никој не треба да ни објаснува колку дома треба да се чуствуваме како да сме и на работа, и во кафуле, и во библиотека, па дури и на плажа кога ќе го фатиме залезот на сонцето. Веќе го знаеме секој ќош од нашиот дом и сме сигурни дека ги пробавме сите начини за преместување на намештајот. Но што ако можеме да додадеме некој нов елемент кој баш и ќе не радува?!

Секој ќош од нашиот дом е важен, а зошто? Затоа што ако порано поминувавме 2-3 часа активно во нашиот дом, сега поминуваме 12 часа (за оние кои работат од дома). Сите предмети во нашиот дом треба да се хармонизирани, пријатни, да ни носат чувство на среќа и позитивни мисли.

Помисливме на нашите познати полици Movable, тие се во различни форми, служат за поставување на вашите омилени книги, оние кои што ги читате во моментот или па можеби оние на кои секогаш им се враќате. За оние кои што имаат интересна колекција на музички плочи можат да ги постават токму на една полица Movable.

Ваквите уникатни дрвени полици кои што се во различни форми можат да бидат креативен и совршен додаток за вашата спална соба или за вашата дневна соба. Тука можете да ги поставите вашите најрепрезентативни книги, албуми со слики од вашите најбитни моменти во животот, некој сувенир и многу друго.

Погледнете ги сите полици во различни форми, кое ќе бидат креативен додаток за вашиот дом, во нашата продавница.