Skip to content

Која е инспирацијата за софата UP дизајнирана од Gaetano Pesce?

Фотељата од колекцијата UP на италијанскиот дизајнер Гајтано Пеше, предизвикува бурни реакции во многу различни периоди, а посебно стана актуелна со инсталацијата на плоштадот во Милано каде група на феминистки сакаат да испратат порака за женското тело. Оваа фотеља не остава никого рамнодушен. Ексцентричниот дизајн го освојува просторот. Зошто ние сме фасцинирани од овој дизајн?

Мала историја...

Gaetano Pesce ја дизајнирал оваа фотеља со цел да ја истакне фасцинацијата на моќта на жената преку директна инспирација од облините на нејзиното тело. Женското тело е инспирација за уметноста уште од праисторијата до денес. Умешноста на дизајнерот за извонредно применување на оваа фасцинација е тоа што успеал да најде и функција и удобност, а исто времено да не изгледа единствено како скулптура, копија на инспирацијата. 

Што мислиме ние за овој модел?

Оваа софа е од една страна комфорна, но и истовремено со уникатен изглед кој што Ве изненадува. Дизајнот е монолитен, на начин што делот за седење и потпирање не се поделени во два дела, туку се поврзани во една целина. Во однос на материјалот, интересно е што се работи за сунѓер кој што има многу голема еластичност и отпорност, нешто налик на мемори пената, која што била новитет кога софата е измислена. 

Како да ја комбинирате во ентериерот?

Оваа софа има дизајн кој буквално во било кој ентериер да го вметнете ќе функционира добро. Можете да ја поставите во покласичен или во посовремен ентериер. Софата UP во сите сценарија ќе издоминира и ќе создаде WOW ефект за вас и за сите посетители. Софата UP е одлична и за во вашата канцеларија. Доколку имате компанија за маркетинг, креативен бизнис или стартап, оваа софа ќе го истакне вашиот уникатен стил и начин на размислување. 

Погледнете во нашата е-продавница...

Photo – Caitlin Mills

Бои и текстури на софата

По повод 50 години од создавање на дизајнот, компанијата B&B направи нова едиција со текстура во риги, составена од две бои: петрол и бела. Ваквата текстура дополнително ја истакнува волуменската игра на софата и го задржува погледот кон истата. Покрај овој материјал, софата се произведува и во други бои како црвена, праска, црна,…

Photo: Courtesy of ZWEI Design

Дизајн - икона

Од своето создавање, Up софата се протнува низ годините со смиреност, затоа што знае дека е иконска и секогаш лебди многу над трендовите. Од генерација на генерација, софата го ужива својот успех, ги буди сите желби на љубителите на остар дизајн и љубителите на винтиџ дизајн. Нејзината цена никогаш не опаднала. 

Погледнете во нашата е-продавница...