Квалитетна софа се одбира речиси еднаш во животот, па затоа таа треба да биде добро одбрана. Многу често се зборува за изборот на бои на ѕидовите, кујната, но ретко можеме да добиеме мислење за бојата на софата. Нешто што не фасцинира во последно време е белата софа. Има нешто магично во белата софа која што го освојува просторот. Прочитајте ги за и против причините за изборот на бела софа за вашиот дом.
Можете да експериментирате со другите елементи
Доколку имате бела софа, таа ви остава простор за креативен израз во другите елементи во домот, како теписи, масички, лустери,… Ваквата боја на софата од една страна е елегантна, но истовремено не доминира ниту здосадува, па така можете да имате целосна слобода со раздвижување на останатите предмети и аксесоари.
Домот секогаш ќе изгледа чисто и смирено
Белата боја (иако не е боја) внесува чувство на смиреност, чистина, свежина и нови почетоци. Доколку се одлучите за бела софа, вашиот дом секогаш ќе делува смирено, хармонизирано и тоа директно ќе влијае и на вашето расположение во просторот.
Белите софи во бел простор внесуваат зен момент
Доколку ве интересира источната култура, и доколку сте ја следеле Marie Kondo и нејзината филозофија на чистење, сигурно сте запознаени како хармонизираните елементи, во едноставни форми и бои влијаат на нашето расположение и мисли. Белите софи можат да го имаат токму овој ефект и да ве растеретат од целиот стрес и негативни мисли кои што сте ги собрале во текот на целиот ден.
Но внимавајте, белите софи се можеби потешки за одржување...
Иако многу би рекле дека белите софи би биле поспецифични за флеки, чистење и одржување, тоа не е доволна причина за ние да се одљубиме во белата софа. Кажете ни за што се одлучивте вие?