Skip to content

CIRCLE | Dot wooden handmade stool design by Sara Simoska

Call for Price

Circle масите и столиците се креативен мебел кој што ќе го освои вашиот простор.

Едно парче е достапно на залиха веднаш,
По трошење на залихата производот ќе биде рачно изработен за период од 14 до 30 дена. 

Circle масите и столиците се креативен мебел кој што ќе го освои вашиот простор. Столчињата Circle се состојат од кружна површина за седење и ногарки исто така под 30 степени. Ваквите столчиња можат да се користат исто како и странични масички за поставување на книги, саксии и други креативни предмети во домот. Можете да ги поставите во дневната, спалната, работната соба или во вашата мала градина.

  • Материјалите се од Скопје.
  • Рачната изработка е во Скопје.
  • Столчето е изработено од парена бука и е достапно во две бои: натур и црна.

Сара Симоска е архитект и дизајнер од Скопје. Своите магистарски студии ги има завршено на универзитетот Политекнико ди Милано. Сара има освоено бројни интернационални награди за архитектура и дизајн во Италија, Русија, Србија, Словенија и Шпанија. Првата дизајн колекција мебел Movable  ја објавува во 2020та година, за време на Ковид пандемијата. Во 2021 година, на оваа колекција и се придружија уште 4 други колекции: Mother, Circle, Improv и Click Clack. Сите дизајни на Сара Симоска се изработени од природен материјал дрво, сите се рачна изработка, со големо внимание на деталите.

 

 

Тежина 13.5 кг
Димензии 30 × 36 × 40 cm
Боја

натур, црна

Вие исто така би сакале…